Џеко во конфликт со Инзаги, нема да игра во финалето на ЛШ

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Един Џеко влегол во конфликт со тренерот на Интер, Симоне Инзаги што го доведува под знак прашалник неговиот настап во финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Во синоќешното финале во Копа Италија, кое Интер го доби со 2-1 против Фиорентина, Един Џеко и Симоне Инѕаги имаа жесток дуел,  откако тренерот реши да го замени напаѓачот во 58. минута.

На босанскиот фудбалер тоа воопшто не му се допадна, шутна шише со вода крај клупата, а потоа и имаше жесток разговор со тренерот Инзаги.

Се вчитува...