Не требаше да мине многу време за Џенаро Гатузо да добие нов тренерски ангажман во Калчо-лигата. Неполни 48 часа откако Аурелио де Лаурентис му соопшти дека повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Наполи, Гатузо се договори со Фиорентина потпишувајќи двогодишен договор со клубот од Фиренца.
Темпераментниот стратег и во текот на изминатата сезона беше поврзуван со „виолетовите“, но во последните денови во игра влезе и Лацио, по застојот во преговорите меѓу претседателот Лотито и тренерот Симоне Инзаги.
Сепак, Гатузо остана на дадениот збор и денеска го стави потписот на договорот со Фиорентина, каде на тренерската функција ќе го наследи Јакини.
Benvenuto, Rino Gattuso ⚜️#ForzaViola ? #Fiorentina pic.twitter.com/CeOrar4znd
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) May 25, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА