Џенгис Реџепи е нов тренер на Беса (ФОТО)

Поранешниот член на стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација, Џенгис Реџепи е нов тренер на второлигашот Беса.

Реџепи и официјално е промовиран на кормилото на Беса прифаќајќи го предизвикот да го извлече клубот во битката за опстанок сезонава во Втората лига – Запад.

Реџепи, кој беше асистент на Игор Ангеловски во македонската репрезентација, е трет тренер кој сезонава ќе ја води Беса по Менсур Јакупи и Бујар Ислами.

Беса повеќе од сериозно го започна зимскиот преоден рок со ангажман на голем број нови фудбалери, а блиску до договор е и со офанзивецот на Струга ТЛ, Флорент Османи.

Се вчитува...