Џенова го бара Пато како партнер во нападот за Пандев

Раководството на Џенова е незадоволно од напаѓачите на овој тим, па планира целосен ремонт на навалната линија каде во однос на ланската сезона ќе остане единствено Горан Пандев. Македонскиот ас беше најдобар стрелец со девет погодоци, доволна препорака за потпис на нов договор, а лесно може да се случи крај него да заигра поранешниот голгетер на Милан, Алехандре Пато.

Бразилецот во септември ќе наполни 31 година, но верува дека се уште е доволно добар за да настапува во Европа. Тој неодамна си замина од Сан Паоло и би можел да пристигне како слободен играч, а по почетниот интерес на Џенова се очекува преговорите да се интензивираат до крајот на месецов.

Претходно, Џенова се интересираше и за Себастијан Џовинко, но претседателот Пречиози одбива да ја плати сумата што поранешниот италијански фудбалер ја бара – загарантирана плата од 2,5 милиони евра годишно за следните три сезони, плус бонуси.

Се вчитува...