Џенова со гол во 93. минута стигна до првата победа во Серија А

Џенова го совлада Сасуоло со 1-2 во последниот натпревар од 10. коло во Серија А забележувајќи ја првата победа во шампионатот.

Малиновски донесе гостинска предност во 18. минута од средбата, а истата Џенова ја задржа до 47. минута кога Берарди изедначи на 1-1. Првиот триумф во сезоната го донесе Остигард кој ја затресе мрежата во 93. минута.

 

Се вчитува...