Глазгов Ренџерс славеше со 1-0 на вечното дерби на шкотскиот фудбал против Селтик, успевајќи да се израмни со актуелниот првак на делба на врвот на табелата (со тоа што Селтик има напревар помалку од ренџерси). Радоста меѓу ренџерси е огромна ако се знае дека ова е прва победа над Селтик по пауза од речиси седум години.
Стивен Џерард целосно ја доби тактичката битка со својот поранешен тренер Брендан Роџерс, „сино-белите“ тотално доминираа на теренот, а Селтик само благодарение на големата среќа го загуби натпреварот со само еден гол разлика.
Клучен момент на натпреварот беше 30. минута, младиот Кент (на позајмица од Ливерпул) извонредно се ослободи од Лустиг, одигра повратна топка, а Џек се најде на вистинското место и ја смести во мрежата. И во второто полувреме тимот на Џерард имаше три-четири стопроцентни шанси што не успеа да ги претвори во погодок, но домаќините сепак апсолутно заслужено стигнаа до победата.
Rangers at home to Celtic pic.twitter.com/J8noq2GduX
— Limbs AOTS (@Limbs_AOTS) December 29, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА