Џерард поради Ковид-19 го пропушта мечот против тимот кој му ја нанесе најголемата болка (ВИДЕО)

Стивен Џерард нема да ја предводи Астон Вила во следните два натпревара откако по последните тестирања доби позитивен тест на Ковид-19. Тоа значи дека легендарниот Англичанец нема да биде на клупата со дуелот против Челси денеска, а ниту на овој против Лидс во вторник.

Првата тренерска средба на младиот стратег со Челси воедно требаше да има и дополнителна тежина со оглед на тоа што лондонскиот великан му ја нанесе најголемата болка во кариерата откако во 2014 година го сопре во освојување на титулата.

На три кола пред крајот на сезоната Жозе Мурињо со „трет состав“ успеа да ги надмудри „црвените“ по што Манчестер Сити го превзема лидерското место и не го испушти. Трагичар на мечот беше токму Џерард кој се сопна при додавање, а поклонот умешно го искористи Демба Ба.

Се вчитува...