Џерард позитивен на корона, пропушта два меча во ПЛ

Менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард добил позитивен тест за коронавирус, потврди клубот денес. Астон Вила следните два натпревари ќе ги игра без својот менаџер на клупата.

Џерард ќе го пропушти мечот со Челси на домашен терен на „Боксинг Деј“ и гостувањето кај Лидс во вторник.

„Астон Вила може да потврди дека менаџерот Стивен Џерард нема да може да го води тимот на следните два натпревари од Премиер лигата против Челси и Лидс бидејќи е во изолација откако доби позитивен тест за коронавирус“, соопшти клубот.

Минатата недела дуелот меѓу Астон Вила и Барнли беше одложен поради проблеми предизвикани од коронавирусот во тимот на Вила.

 

 

Се вчитува...