Џеси Лингард е позитивен на коронавирус

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард (28) е во изолација поради позитивен тест на „Ковид-19“. Веста ја потврди неговиот клуб пред пријателскиот натпревар со Евертон.

Лингард одигра одлично на позајмица во Вест Хем на крајот од минатата сезона, па „црвените ѓаволи“ одлучија да го вратат на „Олд Трафорд“.

„За жал, Џеси нема да може да биде достапен за овој натпревар поради позитивен тест на Ковид-19. Тој е изолиран во согласност со сите упатства на Владата и Премиер лигата“, стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Следниот викенд започнува новата сезона во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед во првото коло ќе игра против Лидс Јунајтед. Тој натпревар е закажан за сабота, 14 август на „Олд Трафорд“.

 

 

 

Се вчитува...