Македонскиот второлигаш Кадино го ангажираше поранешниот селектор Никола Илиевски Џиџи како наследник на Борче Мицевски, со кој се раздели поради лошата резултатска серија во последните неколку меча. Кадино се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Втората лига Запад со осум освоени бода.
„Нашиот клуб го раскина договорот со досегашниот тренер Борче Мицевски. Му благодариме за досегашната работа и му посакуваме успех понатаму. За нов тренер е назначен Никола Илиевски – Џиџи, тренер со претходна богата домашна и интернационална кариера. ФК Кадино му посакува на Илиевски среќа и успех на клупата на нашиот клуб“, се вели во соопштението на клубот.
Никола Илиевски Џиџи последен пат беше на клупата на прволигашот Ренова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА