Џикиќ доби отказ во Будуќност

Александар Џикиќ од денеска повеќе не е шеф на стручниот штаб на Будуќност откако управата на црногорскиот клуб реши да му врачи отказ на поранешниот македонски селектор. Џикиќ го потроши „кредитот“ што го имаше кај челниците на Будуќност по освоената титула во АБА-лигата. Тој пред повеќе од еден месец си понуди оставка што управата ја одби, во меѓувреме беа донесени и неколку нови играчи, а по синоќешниот пораз од Баерн беше донесена одлука за разделба од српскиот тренер.

„КК Будуќност во претходниот период се соочи со сите предизвици што со себе ги носи истовременето учество во Евролигата и во АБА. Со оглед на турбулентниот период поради неочекувано слабите резултати, циклусот на промени што почна со носење на нови кошаркари неминовно донесе до одлука за промена на шефот на стручниот штаб“ – се вели во соопштението на Будуќност.

Тренерската смена е извршена само 24 часа пред големото дерби на АБА-лигата против Црвена звезда, натпревар на кој на клупата на Будуќност ќе седи Ѓорѓе Аџиќ, кој досега му беше помошник на Џикиќ.

Се вчитува...