Џими Батлер го размрда НБА финалето: Прва победа за Мајами (ВИДЕО)

Мајами ја забележа првата победа во финалната серија од НБА лигата протв Лос Анџелес Лејкерс. Славеше со 115-104 во натпреварот број три и ја намали предноста на Лос Анџелес Лејкерс на 2-1 во победи.

Супер-херој во триумфот на Мајами беше Џими Батлер кој постигна 40 поени, имаше и 11 скока и 13 асистенции и одигра една од најдобрите партии на НБА разигрувањата воопшто. Тој стана само третиот играч во историјата која во финале забележал трипл-дабл со 40 поени. Вакво постигнување претходно имаа само Џери Вест и Леброн Џејмс.

Мајами повторно беше без Горан Драгиќ и Бем Адебајо. Во нивно отсуство поддршка за Батлер беа младите Тајлер Хироу и Кели Олиник кои постигнаа по 17 поени. Леброн Џејмс постигна 25 поени за „лејкерс“, Кајл Кузма и Маркиф Морис имаа по 19, Ентони Дејвис дуелот го заврши со 15 поени.

Се вчитува...