Џими Батлер го задржа Мајами во НБА финалето (ВИДЕО)

Специјализираните „Мамба“ дресови не им помогнаа на Лос Анџелес Лејкерс да дојдат до НБА титулата уште во петтиот натпревар од финалната серија со Мајами. Џими Батлер повторно беше херој на „жешките“ и ги предводеше до вториот триумф со кој Мајами ја намали предноста на „Лејкерс“ на 3-2 во победи и се избори за најмалку уште еден натпревар во битката за трофејот.

Батлер ја презеде одговорноста во завршниот сегмент од натпреварот и го одведе Мајами во успех иако „Лејкерс“ направија пресврт токму во последната четвртина. Леброн Џејмс имаше 40 поени и 13 скока, Ентони Дејвис заврши со 28 поени и 12 скока, но тоа не беше доволно да се победат Мајами и мотивираниот Батлер кој постигна 35 поени, а имаше и 12 скока и 11 асистенции. Имаше помош од Данкан Робинсот кој погоди многу значајна тројка во финишот. Вкупно постигна 26 поени.

Нова шанса за освјување на титулата „лејкерс“ ќе имаат в поденелник за кога е закажан натпреварот број шест. Мајами тогаш ќе се бори за израмнување и за мајсторка.

 

 

 

 

Се вчитува...