Џими Батлер како Леброн Џејмс и Гери Пејтон (ФОТО)

Џими Батлер е неприкосновен лидер на Мајми. Го одржува тимот ов НБА финалето пркосејќи им на Лебон Џејмс, Ентони Дејвис и на Лос Анџелес Лејкерс. Во двете досегашни победи на „хит“ во финалната серија, Батлер имаше клучна улога во двете постигнувајќи трипл-дабл.

Ефектот од натпреварот број пет во кој Мајами ја забележа втората победа, од 35 поени, 12 скока и 11 асситенци го одведе  до две историски псотигнувања.

Тој стана само вториот играч во НБА историјата по Леброн Џејмс со повеќе трипл-дабл ефекти во едно финале со плус 30 поени, а се израмни и со Гери Пејтон кој е едниствениот со два трипл-дабл биланс во едно финале со плус 35 поени.

 

 

 

 

Се вчитува...