„Џинот“ падна и не стана – Лукаку на носилки изнесен против Саутемптон

Ромелу Лукаку најчесто делува моќно во дуелите со противниците, но белгискиот џин настрада по еден воздушен дуел со Весли Хоет по само десетина минути игра на дуелот Манчестер јунајтед – Саутемптон.

Иако не стануваше збор за пресилен судир со главите, Лукаку по падот остана неподвижен да лежи, по што веднаш стана јасно дека проблемот воопшто не е наивен. Тоа го потврдија и медицинските лица веднаш по влегувањето на теренот до Лукаку, по што втрча и помошниот персонал носејќи носилки.

На крајот, по петминутна интервенција Белгиецот со маска за кислород на устата на носилки беше изнесен од теренот, а тишината на „Олд трафорд“ за момент се претвори во аплауз за него, со искрена желба дека повредата не е премногу сериозна.

Едно е сигурно, Лукаку ќе го пропушти наредниот премиерлигашки дуел, што требаше да претставува негово враќање на „Гудисон парк“ против поранешниот клуб Евертон, меч што е закажан за понеделник.

Се вчитува...