Џио Струмица останува одбојкарски владетел во Македонија

Одбојкарите на Џио Струмица стигнаа до осмата титула во домашниот шампионат откако во финалната серија славеа над Универзитет во Тетово со 3-0. Тие последниот меч вечерва на домашен терен го добија со 3-1 во сетови 25-21, 25-18, 20-25 и 25-15.

Претходно финалната серија ја почнаа со предност од 1-0 поради подобриот скор во регуларниот дел од сезоната, а и трилер натпревар триуфмираа и на гостувањето во тетово со 3-2.

Ова е седма титула од 2012 година, период во кој само лани не се радуваа на трофејот на само поради тоа што шампионатот беше прекинат поради пандемијата од коронавирусот. За Универзитет во Тетово ова беше прво финале во клупската историја.

Се вчитува...