Џоел Ембид доби и трет пасош

Првата ѕвезда на Филаделфија 76, Џоел Ембид продолжи со собирањето на пасоши од различни држави. Родениот Камерунец пред неколку месеци доби француско државјанство и најави дека ќе игра за таа земја на Летните олимписки игри во Париз во 2024 година.

Тој сега стана државјанин и на Соединетите Американски Држави. Како што самиот истакна клучна улога во тој процес одиграл неговиот син.

„Мојот син е Американец, а јас живеам тука и се чувствувам благословено поради тоа. Си реков на себе зошто да не“, изјави Ембид. 

Ембид од 2014 година е во НБА лигата кога на драфтот беше избран токму од Филаделфија 76.

Се вчитува...