Џоел Ембид останува во Филаделфија за речиси 200 милиони долари (ФОТО)

Џоел Ембид и во следните четири години нема да ја промени средината откако потпиша нов договор со Филаделфија, вреден 196 милиони евра.

Камерунскиот центар е дел од тимот од 2014 година кога беше избран како третти пик на драфтот. И покрај сите проблеми кои Ембид ги имаше со повреди, клубот остана зад својот четирикратен Ол-стар играч, а тој сега ја продолжи вербата кон клубот.

Претходната сезона 27-годишникот беше лидер на својот тим со дабл-дабл просек од 28.5 поени и 10.6 скока по натпревар, меѓутоа тоа не беше доволно за Филаделфија да избори место во конференциското финале.

Се вчитува...