Џои Бартон доби обвинение за физички напад

Менаџерот на англискиот третолигаш Флитвут Таун, Џои Бартон ќе мора да се појави на суд бидејќи против него е подигнато обвинение поради инцидентот кога го удри колегата од Барнсли.

Бартон во април месец предизвика инцидент во тунелот на стадионот на Барнсли кога го нападна Даниел Штендел, кој доби повреда на лицето. Тој најпрво ги отфрлаше обвинувањата, но Јокширската полиција уште тогаш имаше докази за инцидентот.

Еден од најконтроверзните спортски работници во Британија има богата историја на напади и инциденти, а во 2008 година беше осуден на шест месеци затвор поради инцидент во Ливерпул. Година дена порано на тренинг го нападна соиграчот Осман Дабо што значеше крај на неговиот престој во Манчестер Сити. Бартон фудбалската кариера ја заврши во 2017 година во дресот на Ренџерс.

Се вчитува...