„Ѓоковиќ не претставува опасност, правилото е многу глупаво“

Четвртиот тенисер во светот Каспер Руд не се согласува со правилата во Соединетите Американски Држави кои го спречија Новак Ѓоковиќ да игра во Индијан Велс и Мајами.

Поради статусот на вакцинација, на српскиот тенисер не му беше дозволен влез во таа земја, а Норвежанецот смета дека тоа е „глупаво“, особено со оглед на тоа што се знае дека од 11. мај ќе се ублажат ограничувањата поврзани со коронавирусот.

„Не е мое да кажам дали нешто е фер или не. Мислам дека правилото е глупаво бидејќи Новак во овој момент не е опасност за заедницата, без разлика дали е вакциниран или не. Тоа сакам да го кажам. Дури и се изгледа и малку детски, бидејќи знаеме дека правилото ќе се смени за неколку недели, како да не можеле да го направат тоа порано“, рече Руд.

Се вчитува...