Џон Иснер го освои мастерсот во Мајами

Американскиот тенисер Џон Иснер е победник на мастерс – турнирот во Мајами. Тој во финалето го совлада Александар Зверев со 2-1 во сетови (6-7, 6-4, 6-4) и стигна до својата прва мастерс – титула во кариерата.

Зверев успеа да го освои првиот сет во тај-брејк, но Иснер тоа не го поколеба. По голема борба во вториот сет, одзема еден сервис на противникот и го комплетираше во своја корист со 6-4 во гемови, а мечот влезе во уште поинтересен трет сет. Речиси со идентично сценарио, Иснер успеа да слави со 6-4 во гемови и во решавачкиот сет и го оствари најголемиот свој успех.

Се вчитува...