„Џордан е најдобриот на сите времиња, Леброн го засилува својот тим“

Лос Анџелес Лејкерс е еден од најактивните тимови на трансфер маркетот ова лето во НБА лигата. Тимот од Калифорнија во своите редови успеа да доведе неколку ветерани кои се желни за титула и треба да бидат од голема помош на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис следната сезона.

По објавувањето на новите засилувања, „ветеранскиот“ Лејкерс е топ тема во медиумите „преку барата“, а со тоа повторно се отвори прашањето „Кој е најдобар играч на сите времиња?“. На оваа тема сега говореше поранешниот кошаркар на Феникс, а сегашен коментатор на ЕСПН, Чарлс Баркли кој предноста ја даде на Мајкл Џордан.

„Причината поради која предноста ја давам на Џордан е поради неговата исправност. Да бидам јасен, не го ставам ниту Леброн пред Коби. Причината за тоа што Џордан е најдобриот на сите времиња е зошто Леброн постојано го засилува својот тим. Да бидеме реални… Сите сакаме да победуваме, но трудот е дел од твоето залагање. Тоа што Јанис го направи оваа година е тоа што Мајкл го правеше кога Пистонс го „газеа“ три или четири години“, изјави Баркли.

Се вчитува...