„Џордан е само мит… Замислете да не беа Фил и Скоти тој не успеа ништо да направи во животот“

Веста дека Мајкл Џордан ја продаде својата мнозинска сопственост на НБА франшизата Шарлот Хорнетс многумина ги потсети дека најдобриот кошаркар на сите времиња не бил ни приближно успешен како сопственик. Од 2010 г. кога ги купи Хорнетс, клубот само три пати се пласираше во плејофот и секој пат беше елиминиран во првото коло.

Ова го поттикна познатиот американски спортски водител Колин Каухерд да истакне дека Џордан всушност не направил ништо во својата кариера освен освојувањето на НБА-шампионатите со Чикаго Булс кога го имаше Скоти Пипен за соиграч и Фил Џексон за тренер.

„Се обиде во бејзбол, не успеа. Се обиде како сопственик, беше катастрофа. Се обиде во Визардс, се распадна. Сфатете дека ако ги одземеме Пипен и Џексон, целиот мит за Мајкл Џордан е навистина токму тоа едно големо ништо“, рече Каухерд. 

Џордан во кариерата во НБА освои шест титули од 1991 до 1993 и од 1996 до 1998 година.

Се вчитува...