„Џордан и Брајант се најдобрите кошаркари во историјата“

Поранешниот кошаркар Стивен Марбери истакна дека Мајкл Џордан и Коби Брајант се најдобрите НБА играчи во историјата. Актуелниот тренер на кинескиот тим во Пекинг, Ројал фајтерс, исто така, го пофали Кевин Дурант, чии вештини ги смета за „уникатни“.

„Секако, Брајант и Џордан се најдобрите кошаркари во историјата. Но, никогаш не сум видел кошаркар како Дурант. Овој човек е единствен … Се сеќавам дека го гледав Кевин како го игра својот прв натпревар на Универзитетот во Тексас. Му се јавив на брат ми и му реков: Овој човек се вика Кевин Дурант? Тој бруцош нема да остане со студентите. Никогаш не сум видел играч толку висок да ја држи топката како што тоа го правеше Дурант. Она што го прави навистина уникатен е неговиот удар“, изјави Стивен.

Дурант одигра 35 натпревари за Бруклин Нетс минатата сезона и имаше просек од 26,9 поени, 7,1 скока, 5,5 асистенции, 0,7 украдени топки и 1,3 блокади.

Марбери беше четвртиот избор на Милвоки на НБА драфтот во 1996 година, но веднаш беше трејдуван во Минесота. Играше и за Њу Џерси, Феникс, Њјорк, Бостон, како и неколку кинески клубови. На двапати учествуваше на Ол-стар натпреварот, а со селекцијата на Соединетите држави има бронзен медал од Олимписките игри во Атина 2004 година.

Се вчитува...