Џордан ја објави последната порака која му ја испратил Коби

Легендарниот Мајкл Џордан се уште тагува за загубата на својот голем пријател Коби Брајант кој во јануари минатата година трагично го загуби својот живот во хеликоптерска несреќа.

Џордан во сабота ќе биде тој кој ќе одржи инаугуративен говор за влезот на Коби во „Куќата на славните“. Летечкиот Мајк ја објави последната порака меѓу него и Коби, а во продолженија ви ја пренесуваме целата конверзација.

Коби: Текилата е неверојатна. 

Џордан: Ти благодарам брате. 

Коби: Господине како е семејството? 

Џордан: Сите се добри, како е кај тебе?

Коби: Сите се добри. 

Џордан: Се надевам дека наскоро ќе се видиме, тренеру Коби. Среќни празници. 

Коби: Среќни и тебе брате. 

Се вчитува...