Џордан, Кари, па Јанис: Антетокуомпо влезе во специјален клуб

Кошаркаркот на Милвоки бакс Јанис Антетокуомпо, со својот учинок од 33 поени на мечот против Атланта хокс заслужено влезе во специјална листа на играчи со единствен учинок.

Грчкиот репрезентативец  е само третиот кошаркар кој успеал да постигне вкупно 207 или повеќе поени во првите шест натпревари во последните 35 сезони. Пред Јанис, во ексклузивниот клуб е Стеф Кари, кој во сезоната 2015/2016 постигна вкупно 213 поени, додека легендарниот Мајкл Џордан четири пати успеал да го забележи овој учинок.

„Грик фрик“ постигна вкупно 208 поени, просечно постигнува по 34.2 по натпревар и е првиот стрелец во лигата, додека неговата екипа има учинок од 4-2 по првите шест средби во новата сезона во НБА.

https://twitter.com/BenGolliver/status/924755263441092614

Се вчитува...