Џордан му бил љубоморен на Пипен поради Мадона

Една од најуспешните спортски приказни е раскажана во документарниот филм „Последниот танц“ посветен на легендарната генерација на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан.

По премиерата на серијата Скоти Пипен беше бесен на Џордан поради начинот на тоа како беа претставени некои страни од приказната. Помошниот тренер на Булс од тоа време, Џони Бах раскажа интересна приказна. Имено, Мајкл му бил љубоморен на Скоти поради вниманието кое го добивал кај жените.

„Тоа го убиваше Мајкл требаше да видите какви се девојки го чекаа Пипен. Кога и да беа во Лос Анџелес, Мадона ќе го собереше Скоти во лимузина во која имала џакузи. На Џордан тоа не му се допаѓаше, бидејќи Мадона во тоа време беше една од најпосакуваните жени во светот. И говореше дека може да и даде многу поголемо задоволство од него, на што таа му одговорила „нема шанси““, изјави Бах. 

 

Се вчитува...