Џордан: Тешко би ја преживеал оваа „Твитер ера“

Мајкл Џордан смета дека актуелнава ера на интернет и социјални мрежи би била особено тешка за него. Со оглед дека речиси се, а особено во НБА лигата се одвива на Твитер, од официјални објави, па се со лични ставови на играчите, но и медиумски текстови повразни со нивниот приватен живот, легендата на НБА лигата вели дека ова би било тешко време за него.

„Тајгер Вудс помина низ тоа, а јас како Мајкл Џордан не знам дали би преживеал во ова „Твитер време“ во кое буквално немате никаква приватност, а секоја ситиница, дури и најмалата најчесто е погрешно протолкувана или интерпретирана на погрешен начин“ – вели Џордан.

Во времето кога тој беше суперѕвезда интернетот беше во зачаток, а ако се има предвид неговиот контроверзен  живот, Џордан  дефинитивно би бил во фокусот на вниманието.

 

 

 

Се вчитува...