Џошуа: Тајсон Фјури, каде си бејби? Дојди, ти си следен…

Британскиот боксер Ентони Џошуа е нов светски првак во ИБФ, ВБА и ИБО, откако вечерва на „Вембли“, пред 90.000 гледачи, го нокаутира Владимир Кличко во 11.рунда. Во спектакуларен меч, Џошуа успеа да го испрати на подот Украинецот во завршницата од мечот, откако претходно и двајцата боксери имаа шанси за триумф.

А, по големата победа, Џошуа му се обрати и на Тајсон Фјури, кој најави враќање во рингот.

„Тајсон Фјури, каде си бејби? Дојди, ти си следен…Дали го виде ова? Инаку, што можам да кажам…19-0 во победи. Три и пол години во оваа приказна, Како што реков, не сум перфектен, но се трудам да го дадам својот максимум. Кога ќе почне мечот, го оставате егото надвор и почнувате да боксувате. Многу ми е драго што успеав да го сопрам Владимир Кличко“, изјави новиот светски првак во тешка категорија, Ентони Џошуа.

Се вчитува...