Арни Слот одби да говори за Мохамед Салах додека египетскиот репрезентативец е со својата репрезентација на Африканскиот куп на Нации, но фудбалерот на Ливерпул, Куртис Џоунс немаше проблем со тоа.
Џоунс откри дека Салах се извинил на сите во соблекувалната за пристапот и негативното влијание кои неговите изјави за медиумите го имале врз тимот.
„Мо ни се обрати и ни кажа дека му е жал што неговиот пристап во медиумите негативно влијаеше на атмосферата или на некој од нас. Тоа доволно говори во тоа каков човек е тој. Кога и да има некое лутење од наша страна, вклучувајќи ме и мене таа секогаш доаѓа од добра намера. Во тој момент можеби не изгледа како треба, но никој немал намера да му наштети на тимот, стручниот штаб или менаџерот.
Тоа сега е се зад нас, добро се вклопуваме како екипа, играме квалитетно и почнуваме да победуваме“, изјави Џоунс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

