Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Џуд Белингем ќе остане верен на Реал Мадрид уште долги години.
Англискиот фудбалер и Реал Мадрид постигнаа договор за продолжување на неговиот договор до 30 јуни 2031 година. Белингам се приклучи на мадридскиот клуб во летото 2023 година од Борусија Дортмунд, потпишувајќи договор до крајот на сезоната 2028-2029, период кој сега е продолжен со новиот договор меѓу играчот и клубот.
Англискиот репрезентативец, исто така, ќе добие подобрување на договорот, што ја одразува важноста и влијанието на неговата игра и значајната улога што ја има за Реал Мадрид. Од неговото доаѓање, Белингам се покажа како играч што ја менува играта, способен да стане лидер во соблекувалната и успеа да ја преземе функцијата лидер од играчи како Карвахал, Модриќ и Крос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
