Џулијан Брант ќе стане „милионер“?

Германскиот репрезентативец Џулијан Брант ова лето би можел да направи трансфер од Баер Леверкузен во Борусија Дортмунд. Раководството на „милионерите“ сака да го купи крилниот напаѓач на „фармацевтите“ и веќе подготви понуда вредна 25 милиони евра.

Брант има договор со Баер Леверкузен до 2021 година, но има најави дека сака да си замине во летниот преоден рок. За него постоеше интерес и од Реал Мадрид, Баерн Минхен и од Ливерпул. Тој би требало во Борусија Дортмунд да го замени Кристијан Пулишиќ, кој по завршувањето на сезоната ќе замине во Челси.

Се вчитува...