Ди Марија им држи час по фудбал на „кралевите“

Реал Мадрид е во нокдаун во првото полувреме на „Паркот на принцовите“, а кобен за „кралевите“ е нивниот поранешен член Анхел ди Марија, кој ги постигна двата гола за водство на ПСЖ од 2-0.

Во отсуство на Мбапе, Нејмар и на Кавани, Аргентинецот ја презеде одговорноста на вечерашниот дерби-дуел, постигнувајќи два гола во првите триесетина минути игра.

Бејл постигна прекрасен погодок за да ја намали негативата, но тој гол беше поништен со ВАР поради играње со рака на Велшанецот при смирувањето на топката.

Се вчитува...