Ди Марија: Моето ‘пријателство’ со Реал одамна заврши

Пари Сен Жермен вечерва (20.45 часот) му гостува на Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а во фокусот на вниманието се наоѓа Анхел Ди Марија, поранешниот „крал“, кој сега го носи дресот на „светците“ од Париз. Сепак, тој веќе нема емоции кон вечерашниот противник.

„Моето ‘пријателство’ со Реал Мадрид одамна е завршено. Мојот круг таму одамна е завршен, а сега го носам дресот на Пари Сен Жермен и ќе дадам се од себе за да ги елиминираме „кралевите“. Ги респектираме, тие се актуелни европски шампиони, но веруваме дека можеме да извлечеме позитивен резултат во Мадрид, а наш адут е секако и реваншот што ќе се игра во Париз“, изјави Анхел Ди Марија.

Се вчитува...