Ди Марија со одговор до навивачите кои го нападнаа: Вие не го заслужувате дресот на Јуве

Аргентинскиот интернационалец Анхел ди Марија беше посочен како еден од фудбалерите кој најмногу беше нападнат од гневните навивачи на Јувентус по лошите партии сезонава.

Навивачите ги нарекоа Ди Марија и неговиот сонародник Паредес платеници кои не се грижат за Јувентус. Ди Марија не чекаше долго за одговор кон овие навивачи.

„Единствениот кој не заслужува дрес си ти. Тимот и играчите се заедно 100 отсто до крајот. Покажувате дека сте со Јувентус само кога е добро, но не и кога е лошо. Па збогум. Тука сум до крај, а не како тебе“, напиша Ди Марија.

Со поразот од Емполи, Јувентус сега заостанува пет бода зад четвртопласираниот Милан на две кола до крајот. Д

Се вчитува...