Дибала бара 12 милиони евра за да остане во Јувентус

Јувентус е убеден дека наскоро ќе постигне договор со крилниот офанзивец Пауло Дибала за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

Дибала има постоечки договор со Јуве уште две години, но торинскиот клуб сака што побрзо да ја продолжи соработката со аргентинскиот репрезентативец. Дибала сега бара годишна плата од 12 милиони евра, а Јувентус е подготвен да му ја исполни таа желба.

Аргентинецот во Јувентус е од летото 2015 година кога пристигна од Палермо во трансфер вреден 40 милиони евра. Неодамна изјави дека сака да заигра во Барселона со сонародникот Лионел Меси.

„Вистина е дека Барселона е еден од најголемите клубови во светот. Таму е и Меси, па е уште поголем. Би било убаво да заиграм со него во Барселона“ – изјави Дибала за ЕСПН.

Оваа сезона е еден од клучните фудбалери на италијанскиот шампион, постигнувајќи 13 гола, дополнети со 12 асистенции.

Се вчитува...