Дибала демантира: Немам коронавирус, се уште ги чекам резултатите од тестовите

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала ги демантираше гласините дека е заразен од коронавирусот. Но, откри дека се уште ги чека резултатите од тестовите.

„Се појавија лажни вести дека имам Ковид-19. Тоа не е точно. Јас сум доброволно во самоизолација како и сите останатите играчи. Во следните денови ќе се знаат резултатите од тестот. Се надевам дека нема да имам коронавирус, а ако имам ќе останам во карантин“ – го започна Аргентинецот своето излагање на Инстаграм.

„Ние сме еден голем тим, не навиваме за овие или оние политички бои. Им благодарам на лекарите и медицинските лица кои ги ризикуваат своите животи и ни даваат неверојатна помош на сите нас во општеството. Затоа да останеме дома и да им помогнеме. Бидете внимателни и почитувајте ги правилата. Заедно ќе го победиме коронавирусот“ – заврши Дибала.

Се вчитува...