Дибала: Дербито со Наполи не го одлучува Скудетото!

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала има свои видувања како ќе се одвива трката за Скудетото во оваа сезона. Аргентинецот инстистира дека петочното дерби против Наполи нема да одлучи кој ќе биде новиот шампион во Италија.

„Дербито со Наполи нема да биде одлучувачки натпревар за Скудетото. Сезоната пред нас е долга, се уштe не може да се каже кој ќе биде шампион. Но, во петок се соочуваат двете најдобри екипи во Италија. Пред нас е тешко гостување на „Сан Паоло“, Наполи пред своја публика знае да биде многу опасен. Се соочуваме со многу силна екипа, но ние сакаме да остваруваме триумфи на секој натпревар, па затоа ќе мора да бидеме максимално подготвени и сконцентрирани цели 90 минути и на овој“, истакна Дибала.

„Старата дама“ веќе заостанува четири бода зад составот на Мауризио Сари и два зад Интер по 14. кола во Серија А, што го прави овој меч „најважниот“ за нив, во досегашниот дел од сезоната.

 

Се вчитува...