Дибала ѝ донесе три бода на Рома против Сасуоло (ВИДЕО)

Пауло Дибала во 16. минута погоди во мрежата на Сасуоло, и тоа беше доволно Рома да дојде до трите бода од ова гостување. Аргентинецот собра една одбиена топка, и стрелаше во горниот лев агол од голот на противникот. 

Рома дојде до шестиот триумф во сезоната, со кој се искачи на втората позиција на табелата и се израмни со првопласираниот Наполи.

Во вториот меч, Верона и Каљари играа 2-2. Гаљардини во 23. минута донесе домашно водство, а кога Орбан во 59. минута зголеми на 2-0, сите мислеа дека бодовите ќе останат во Верона. Но, Идризи и Феличи успеаја да донесат израмнување и вреден бод за гостинската екипа.

Се вчитува...