Дибала: Сакам да останам во Јувентус

Пауло Дибала во текот на годините често беше споменуван со транфер надвор од редовите на Јувентус, но аргентинскиот репрезентативец кој е член на тимот од 2015 година сега е блиску до продолжување на соработката со торинскиот клуб.

Неговиот договор со „старата дама“ истекува на крајот на следното лето, но по заминувањето на Кристијано Роналдо сега се очекува да добие поголема улога во тимот. А, крај на гласините за заминување Дибала стави со изјава во која вели дека сака да остане во Торино.

„Желбата да го продолжиме договорот е обострана. Во клубот го знаат мојот став и се надевам дека се ќе се заврши како што треба. Верувам дека ќе останам во Торино“, изјави Дибала.

Се вчитува...