Дибиров: Монпелје ни покажа дека не смееме да го потцениме

Вардар ќе ја има фаворитската улога на дуелот со Монпелје в сабота, со оглед на слабите игри на актуелниот европски првак сезонава, како и на фактот дека „црвено-црните“ во првото коло веќе го зедоа скалпот на овој ривал, и тоа среде Франција со резултат 24-27. Сепак, Тимур Дибиров предупредува дека станува збор за ривал што никако не смее да се потцени, бидејќи Вардар лани беше запрен во одбраната на европската круна токму од Монпелје.

„Тимот на Монпелје лани ни покажа дека не смееме никого да потцениме. Едно е јасно, играме дома, а во Скопје одиме на победа против било кој противник. Сакаме да ја завршиме оваа фаза со победа, па да видиме дали ќе завршиме на второто или на третото место. Втората позиција е подобра само од една гледа точка, бидејќи во четвртфиналето реваншот го играте дома, а сеедно ни е со кого ќе играме во осминафиналето, дали тоа ќе биде Загреб, Мотор, Спортинг или пак Динамо Букурешт“ – изјави Дибиров.

 

Се вчитува...