Дибиров на делба на првото место на листата на стрелци во Лигата на шампионите

Крилото на Вардар, Тимур Дибиров е на делба на првата позиција на листата на стрелци во годинашната сезона од Лигата на шампионите. По шест одиграни натпревари, Дибиров е на бројката од 40 исто колку што има постигнато и најдобриот ракометар на актуелниот шампион Барселона, Дика Мем.

Тимур Дибиров на следниот меч против Пик Сегед на 17. ноември најверојатно ќе успее да испише уште еден јубилеј, бидејќи со десетте гола против Кил стигна на само три од бројката од 1000 во „елитното натпреварување“.

Инаку на листата на најдобри стрелци во топ 5, уште се наоѓаат и Микел Хансен (ПСЖ) со 39, Петар Ненадиќ (ВЕСПРЕМ) со 38 и Хампус Ване (ФЛЕНСБУРГ) со 37.

СТРЕЛЦИ ЛИГА НА ШАМПИОНИ:

1. Тимур Дибиров (Вардар) – 40

2. Дика Мем (Барселона) – 40

3. Микел Хансен (ПСЖ) – 39

4. Петар Ненадиќ (Веспрем) – 38

5. Хампус Ване (Фленсбург) – 37

Се вчитува...