Дибиров: Во Вардар се чувствував како НБА ѕвезда

Ракометната легенда Тимур Дибиров овој месец ќе стави крај на својата 24-годишна професионална кариера. Последниот танц на теренот ќе го одигра во дресот на Загреб, но се уште го нема заборавено периодот во Вардар, клуб кој секогаш ќе остане во неговото срце.

Тој вели дека во Скопје се чувствувал како НБА ѕвезда.

„Играв во македонскиот Вардар и планот ми беше да ја завршам кариерата таму бидејќи навистина ми дадоа многу, некако се чувствував должен. Сепак, клубот доби суспензија од европските натпреварувања, знаев дека се ближи крајот на мојата кариера, а со оглед на тоа што цел живот играм во Лигата на шампионите, не сакав да се префрлам во македонскиот шампионат. Во Македонија ракометот е спорт број еден. Кохезијата што ја има Вардар со навивачите е фасцинантна, а без тоа немаше да освоиме две Лига на шампиони. Играм во друг клуб веќе три години, но сепак добивам пораки од навивачите кои сакаат да дојдам да го одиграм последниот меч во Скопје и да ми го дадат заслуженото збогување. Не играв во Вардар поради пари таму се чувствував како НБА ѕвезда и се сетив зошто го сакам овој спорт“, изјави Дибиров. 

Се вчитува...