Дибиров за заминувањето на Сергеј: Бевме „мртви“, не очекувавме ваква разврска…

Тимур Дибиров како гостин во емисијата „Еден на еден“ говореше на различни ракометни теми, осврнувајќи се и на најтешкиот момент – кога на „црвено-црните“ им било соопштено повлекувањето на газдата Сергеј Самсоненко. Руското крило важи и за личен пријател на Самсоненко, но за одлуката на првиот човек на клубот дознал заедно со сите останати ракометари.

Бев изненаден како и сите, дознав во ист ден како и останатите. Бевме „мртви“ кога ни беше соопштено дека Сергеј ќе си замине. Требаше да направиме „скаутинг“ на противникот, но Парондо го откажа бидејќи не бевме тука со главите. Седнавме заедно на кафе, бевме шокирани, еден час молчевме. Знаевме дека е тешко, но никој не очекуваше ваква разврска пред крајот на сезоната“ – истакна Дибиров.

Се вчитува...