Диборов: Изгоревме во желбата, потфрливме во првиот дел

ЕКИПА во Келн, 

Симон Котларов

Вардар не успеа да ја одбрани шампионската титула во Келн, откако загуби од Монпелје (27-28) во полуфиналната пресметка. Тимур Дибиров анализира дека лошо одиграното прво полувреме беше кобно за „црвено-црните“.

„Разочарани сме премногу. Дојдовме со желба уште еднаш да одиме во финале и да се обидеме да ја одбраниме титулата. Можеби и изгоревме во големата желба, со оглед дека некои ракометари си заминуваат, и сакаа да се разделат со уште една титула. Се обидовме да се вратиме во вториот дел, по лошото прво полувреме, но не успеавме во тоа. Монпелје заслужено победи на крајот“, изјави Тимур Дибиров по поразот.

Вардар утре ќе игра во малото финале, во битката за третото место на Ф4 во Келн, против Пари Сен Жермен.

Се вчитува...