Диего Форлан влегува во тренерските води

Легендарниот уругвајски фудбалер Диего Форлан ќе ја почне тренерската кариера. Денеска тој ќе биде назначен за нов тренер на Пењарол.

Форлан кој играчката кариера ја заврши минатото лето во Европа пристигна во 2002 година каде од редовите на Индепендиенте премина во Манчестер Јунајтед. Освен во тимот од „Олд Трафорд“  ги бранеше и боите на Вилјареал, Атлетико Мадрид, Интер, а потоа беше дел и од Интернационале, Осака, Пењарол, Мумбај Сити и Киче.

За репрезентацијата на Уругвај забележа 112 настапи на кои постигна 36 гола. Во 2010 го освои четвртото место на Светското првенство во Јужна Африка, додека година подоцна славеше на Копа Америка.

Се вчитува...