Диего Коста „распука“ по Атлетико – Си одам, барам раскин на договорот

Диего Коста побара раскин на договорот со Атлетико Мадрид во јануари. Напаѓачот сака да го напушти клубот од лични причини. Челниците, сепак, прво сакаат да седнат на маса со напаѓачот и да ја договорат најдобрата одлука за двете страни. Имено, Атлетико би сакал да го продаде Коста во јануари со цел да заработи нешто.

Договорот меѓу Коста и клубот од Мадрид истекува летото 2021 година. Сепак, играчот сака да ја раскине соработката за да започне со решавање на личните проблеми што го снајдоа што побргу, а кои не беа откриени во написите на шпанските медиуми.

Коста оваа сезона за Атлетико Мадрид забележа седум настапи и постигна само два гола. Тој е во „сенка“ на Луис Суарез, откако Уругваецот пристигна од Барселона минатото лето.

Шпанскиот напаѓач се врати во Атлетико Мадрид во јануари 2018 година кога го напушти Челси за 60 милиони евра. Сепак, по враќањето во клубот, тој не ги исполни очекувањата и се чини дека разделбата со Атлетико е најдобра опција.

Се вчитува...