Диего Коста се соочува со казна затвор од шест месеци?

Шпанското обвинителство бара шест месечна казна затвор за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста. Тој е обвинет за кривично дело против Министерството за финансии поврзано со затајување данок во 2014 година.

Тој е обвинет дека во 2014 година со помош на трето лице стекнал приход од од 1.3 милиони евра. Покрај, казна затвор од обивнителството бараат ѕвездата на Атлетико Мадрид да му биде изречена и парична казна од половина милион евра.

Судењето во покраинскиот суд е закажано за следниот четврток.

Се вчитува...