Диего Симеоне е позитивен на Covid-19

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е позитивен на Covid-19, потврди вечерва поранешниот шпански првак по извршените тестирања врз сите членови на „јорганџиите“.

„Сите членови на првиот тим и на стручниот штаб беа тестирани по враќањето од тренинг-кампот. Анализите покажаа дека нашиот тренер, Диего Симеоне е позитивен на Covid-19. За среќа, Симеоне нема никакви симптоми, се наоѓа изолиран во својот дом, целосно почитувајќи ги пропишаните мерки на државните власти“, се вели во соопштението на мадридскиот клуб.

Добра вест за Атлетико е што овој тим со задоцнување од две седмици ќе ја стартува сезоната на 27 септември, почнувајќи од третото коло во Ла Лига и домашниот дуел со Гранада. Се очекува Симеоне дотогаш целосно да се рехабилитира и да може да го води својот тим во предизвиците на шпанската фудбалска сцена.

Се вчитува...