Диего Симеоне потпишува нов договор, ќе биде најплатен во Атлетико Мадрид

Диего Симеоне е блиску до потпишување нов договор со Атлетико Мадрид според кој ќе стане најплатен во клубот и ќе го надмине Антоан Гризман. Актуелниот договор му е до јуни 2020 година, но новиот ќе биде многу подолг и многу поисплатлив за тренерот кој во главниот шпански град дојде во 2011 година и го преводеше Атлетико до седум големи трофеи.

Со него на клупата, Атлетико Мадрид освои титула во Ла Лига во 2014 година, два трофеи во УЕФА Европа лигата, а играше и две финалиња во Лигата на шампионите, во двете загуби од Реал Мадрид. Во актуелниот шампионат Атлетико М. е во игра за титулата во шпанското првенство, има 23 бода и е на третото место на табелата со еден бод помалку од водечката Барселона.

Во следното коло во шпанското првенство по репрезентативната пауза Атлетико ќе се сретне токму со Барса.

Се вчитува...